ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Кисела Вода има прволигаш, „Ангели“ е нашата гордост!

Ѓорѓиевски: Кисела Вода има прволигаш, „Ангели“ е нашата гордост!
Jumbo Banner

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва упати јавна честитка до кошаркарскиот клуб „Ангели“ поради нивниот историски успех — влезот во Првата кошаркарска лига на Македонија.

„Горди сме вечерва. Најгорди! КК ‘Ангели’ од Кисела Вода влезе во првата лига! Со својата фантастична игра и срце на терен ја порази екипата на ‘Соколи’ од Штип“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека клубот со својата пожртвуваност, тимска работа и страст на терен покажа дека упорноста и посветеноста водат до врвот.

„Шампионите ги води огромната волја, не ги запира стравот, а среќата која ја даваат на своите фанови е појадокот од кој се хранат! Ви честитам момци! Вие сте доказ дека упорноста и желбата секогаш го даваат најдоброто“, порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски им упати честитки и на тренерот, претседателот на клубот и целиот тим, нагласувајќи дека општината и натаму ќе продолжи да го поддржува спортот, особено младите спортисти.

„Ние како локална самоуправа, и јас лично како човек – ќе продолжиме со поддршка на спортот и спортистите, бидејќи тоа е наша обврска. Само напред!“, истакна тој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран