Поранешниот американски претседател Џо Бајден се соочува со сериозна здравствена состојба, откако му бил дијагностициран агресивен облик на рак на простата кој, според медиумските извештаи, веќе се проширил и на коските.
Како што објави CNN, минатата недела Бајден побарал лекарски преглед поради зголемени проблеми со мокрењето. Медицинскиот тим открил нов чвор на простатата, а по направените анализи било потврдено дека станува збор за тешка форма на рак – Gleason резултат 9 (Група 5) со метастази во коскениот систем.
И покрај сериозноста на дијагнозата, лекарите велат дека ракот е хормонски зависен, што отвора можности за ефикасно лекување.
Бајден и неговото семејство во моментов се консултираат со медицински експерти за понатамошни чекори во третманот. Веста ја вознемири американската јавност, но и целиот свет, имајќи предвид неговата улога и влијание во глобалната политика.