Неговите калкулации на долг рок нема да излезат на добро за неговата партија, ќе го сфатат и од ДУИ, нивното партнерсто е со времен рок и нив ќе ги напушти кога ќе добие подобра понуди или ќе биде уценет рече премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за напуштањето на Арбен Таравари на Владата на настанот за одбележување на 20-годишнината од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
– Многу луѓе ми велеа „откачи го Травари,седи на две столици, преговара ДУИ да му подржи пет кандидати за градоначланици, а ДУИ бара тој да оди со листи за советници сам за да може ДУИ да брои повеќе советници од ВРЕДИ“, како да треба бројот на советници да ме убеди да ги земам во коалиција, а не принципите, зарем ќе заборавам како Буја Османи ми го продаваше идентитетот, рече Мицкоски.