Зеленски во Рим: Украина е подготвена за вистинска дипломатија, но неопходен е безусловен прекин на огнот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Рим оствари средба со потпретседателот и државен секретар на САД, Џеј Ди Венс, како и со сенаторот Марко Рубио.
Во објава на социјалните мрежи, Зеленски посочи дека главна тема на разговорот била состојбата на фронтот, можностите за дипломатија и понатамошниот притисок врз Русија.
„Разговаравме за преговорите што се одржаа во Истанбул, на кои Русија испрати делегација од лица кои немаат одлучувачка улога. Повторно ја истакнав подготвеноста на Украина да се вклучи во вистински мировен процес и ја нагласив неопходноста од целосен и безусловен прекин на огнот што е можно поскоро“, истакна Зеленски.
Покрај тоа, украинскиот претседател информираше дека биле отворени и теми како што се режимот на санкции против Русија, билатералната трговија, одбранбената соработка, состојбата на бојното поле и претстојната размена на затвореници.
„Потребен е континуиран притисок врз Русија сè додека не се подготвени да ја запрат агресијата. И, се разбира, разговаравме за нашите заеднички чекори за постигнување праведен и одржлив мир. Благодарен сум на американскиот народ за нивната поддршка и лидерство во спасувањето животи“, додаде Зеленски.