ПРВ.мк
Свет

Трамп категоричен како никогаш до сега - Нема да седнам со Путин поради еден услов

Трамп категоричен како никогаш до сега - Нема да седнам со Путин поради еден услов

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да одржи средба со рускиот лидер Владимир Путин сè додека не биде уверен дека постои конкретен напредок кон договор кој ќе донесе мир меѓу Русија и Украина. „Мора да знаеме дека ќе постигнеме договор, нема да губам време“, рече Трамп за време на престојот во Доха.

Од друга страна, Кирил Дмитриев, специјален претставник на Путин за инвестиции и економска соработка, за Си-Ен-Ен изјави дека Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение на конфликтот. Тој додаде дека средбата меѓу Трамп и Путин не е целосно откажана и дека е можно двајцата лидери сепак да се сретнат во наредниот период.

Escape