ПРВ.мк
Балкан

Регионот завиен во црно - Цело семејство загина кога возач на Ауди помина на црвено и ги усмрти на лице место

Регионот завиен во црно - Цело семејство загина кога возач на Ауди помина на црвено и ги усмрти на лице место

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу еден часот по полноќ во Нов Белград, трагично загинаа татко, мајка и нивното десетгодишно дете. Според српските медиуми, несреќата се случила кога возач на „Ауди“ со голема брзина поминал на црвено светло и директно удрил во автомобилот во кој се наоѓало семејството.

Силниот удар бил фатален — сите три лица починале на самото место.

Очевидци опишуваат сцена каква ретко се гледа. „Сум видел многу несреќи, но ова е нешто најстрашно што може човек да го замисли,“ изјавил еден од сведоците, видно потресен од ужасниот призор.

Две други лица се повредени и се пренесени во Ургентниот центар.

Полицијата и обвинителот веднаш излегле на терен, а сообраќајот во делот меѓу улиците „Омладинских бригада“ и „Николе Добревиќа“ бил целосно запрен за време на увидот.

Регионов е во шок по оваа страшна трагедија која одзеде три животи во еден миг поради непочитување на сообраќајните правила.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK