ПРВ.мк
Балкан

Морничава трагедија во Хрватска: Сопруг ја задавил жената, ја фрлил во шума и потоа си го одзел животот

Морничава трагедија во Хрватска: Сопруг ја задавил жената, ја фрлил во шума и потоа си го одзел животот

Хрватска е потресена од брутално убиство што заврши со самоубиство – 42-годишната Ѓурѓица Алидини беше пронајдена мртва во грмушките во областа Стрмац Одрански, откако полицијата потврди дека е задавена од нејзиниот сопруг Сенад (41).

Според информациите од загрепската полиција, трагедијата започнала во нивниот заеднички стан, каде што мажот најпрво ја убил сопругата, а потоа го однел нејзиното тело во шумата и се самоубил со нож.

Полицијата ја започнала потрагата откако семејството ја пријавило Ѓурѓица како исчезната. При влез во нивниот стан, полицајците го пронашле телото на сопругот и рачно напишена белешка со инструкции – меѓу кои било наведено и местото каде да се бара нејзиното тело.

По детална потрага со кучиња трагачи, телото на жената било пронајдено покрај шумска патека, покриено со лисја. Полицијата потврди дека била задавена, а неофицијално се дознава дека телото било пренесено со автомобил.

Ова е уште еден случај на семејна трагедија кој го потресе регионот и ја отвори темата за семејното насилство, кое сè почесто завршува со најтешки последици.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK