Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер ја погоди областа кај Курилските острови во Русија, потврдија локалните сеизмолози.
Епицентарот бил во Тихиот океан, околу 78 километри југоисточно од Северо-Курилск, на длабочина од 56 километри. Според првичните информации, нема повредени ниту материјална штета, а не е издадено предупредување за цунами.
Курилските острови се познати како една од најсеизмички активните области во светот, бидејќи се наоѓаат на спојот на Пацифичката и Евроазиската тектонска плоча, каде потреси од ваков вид не се реткост.















