ПРВ.мк
Свет

Москва тврди: Мирот во Украина е можно да се постигне брзо – ако се исполнатo овие три клучни услови

Москва тврди: Мирот во Украина е можно да се постигне брзо – ако се исполнатo овие три клучни услови

Решение за војната во Украина може да се постигне „многу брзо“ ако се решат три прашања кои Русија ги смета за суштински, изјави специјалниот претставник на Кремљ во Вашингтон, Кирил Дмитриев.

Тој наведе дека безбедносните гаранции за Украина, прашањето на териториите со руско население и неутралниот статус на Украина се трите клучни точки за потенцијален мировен договор.

„САД, Украина и Русија веќе знаат како може да изгледа решението. Ако се постигне разумен договор, мирот може да дојде побрзо отколку што многумина очекуваат“, рече Дмитриев за Фокс њуз.

Претставникот на Кремљ додаде дека Русија е отворена за гаранции за безбедноста на Украина, но дека нејзините безбедносни интереси мора да бидат почитувани.

Дмитриев истакна и дека претседателот Доналд Трамп „избегнал ескалација во Трета светска војна“ и дека ја разбира руската позиција, додавајќи дека средбата меѓу Трамп и Путин не е откажана, туку само одложена додека дипломатите не ја подготват.

Тој ги поздрави и последните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, според него, конечно признал дека преговорите мора да се базираат на реалните фронтовски линии.

„Сметам дека сме навистина блиску до дипломатско решение кое би можело да ја заврши оваа војна“, заврши Дмитриев, кој моментално е во посета на САД на официјални разговори.

Escape