Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бројни реакции со необична изјава на предизборен митинг во Кларксвил, во сојузната држава Тенеси, каде што им порача на своите поддржувачи дека би му аплаудирале дури и кога би зборувал бесмислици.
За време на собирот одржан во саботата, 10 октомври, Трамп зборуваше за силната поддршка што ја ужива меѓу републиканските гласачи во оваа држава.
„Можам да кажувам најголеми глупости, а вие би ми аплаудирале“, изјави Трамп, по што следуваа реакции и аплауз од присутните.
Тој објасни дека му е лесно да зборува пред големи собири бидејќи чувствува голема наклонетост од публиката.
Сепак, веднаш потоа нагласи дека неговите говори не се бесмислени, туку дека се засноваат на она што го нарече здрав разум.
Како примери ги наведе контролата на границите, ниските даноци и силната војска.
Трамп се осврна и на своите претходни изборни победи во Тенеси, прашувајќи се зошто воопшто има потреба да води кампања во држава во која традиционално ужива голема поддршка.
Митингот беше организиран во пресрет на изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември, а на собирот присуствуваа и републикански кандидати.
На крајот, Трамп ги повика присутните да гласаат за републиканските кандидати, порачувајќи им да се однесуваат како и неговото име да се наоѓа на гласачкото ливче.
Видео:









