ПРВ.мк

Трамп до Кина: Го имаме најмоќното оружје за кое никој не знае, вашиот претседател е паметен човек

Трамп до Кина: Го имаме најмоќното оружје за кое никој не знае, вашиот претседател е паметен човек

Наскоро откако во средата потпиша нов сет извршни наредби, претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не стравува од тоа дека трговската војна со Народна Република Кина би можела да прерасне во посериозен конфликт.

„Мислам дека претседателот Си Џинпинг е многу умен човек. Сигурен сум дека ќе постигнеме добар договор. Со години наназад, кон нас се однесуваа лошо. Но, повторно ќе кажам – ние дозволивме тоа да се случи. Иако не очекувам ескалација, претседателот Си е еден од најпаметните луѓе на светот и мислам дека нема да дозволи да дојде до тоа“, рече Трамп.

Тој потоа испрати јасна порака – не само до кинескиот претседател, туку и до целиот свет:

„Ние сме многу моќна земја. Ќе ви кажам нешто… многу посилни сме отколку што луѓето мислат. Имаме оружје за кое никој нема претстава. Најмоќното оружје во светот. Многу помоќно од сè што постои. Никој нема да се осмели да тргне против нас. Кога станува збор за ескалација, мислам дека претседателот Си точно знае што треба да направи. Тој ја сака својата земја и добро го познавам. Верувам дека ќе сака да постигнеме договор – и верувам дека тоа ќе се случи. На крајот ќе дојде повик. Ќе биде добро за нив, добро за нас, добро за целиот свет и за човештвото“, изјави Трамп, без да прецизира на какво оружје мисли.

Vero

Изјавата доаѓа откако Трамп реши да ги одложи за 90 дена таканаречените реципрочни царини за увоз од повеќе од 70 земји.

Сепак, Кина не се најде меѓу земјите поштедени од овие мерки – нејзините производи беа обложени со царина од 125 отсто. Оваа одлука следи откако Кина одговори на претходните американски тарифи со сопствени – со наметнување на царина од 84 отсто на американски производи.

Agria