ПРВ.мк
Свет

Пожар кај Куча: Војник и татко на четири деца загина во пожарот

Пожар кај Куча: Војник и татко на четири деца загина во пожарот

При гаснење на пожарите во Црна Гора, животот го загуби помладиот водник Дејан Божовиќ, татко на четири деца и припадник на 1-виот пешадиски баталјон од 2006 година.

Несреќата се случила кога цистерната со вода, со која се движеле кон селото Купушќи во Куча, се излизгала од патот и паднала по стрмна падина, пренесе Телеграф.

Според Министерството за одбрана, во несреќата е повреден и водникот Марко Ивковиќ, кој има сериозни повреди, но е стабилен и свесен. Тој моментално е на операција на карлицата и има контузија на белите дробови.

Министерот за одбрана Драган Краповиќ изјави дека трагедијата е предизвикана од намалена видливост поради густиот чад од пожарот, нарекувајќи ја „голема загуба за министерството и војската“. Тој изрази најдлабоко сочувство до семејството Божовиќ и поддршка за повредениот Ивковиќ и неговите колеги.

Escape