ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА НА МАЛДИВИТЕ: Извлечени пет тела по кобно нуркање, настрадале во пештери длабоко под морето!

ТРАГЕДИЈА НА МАЛДИВИТЕ: Извлечени пет тела по кобно нуркање, настрадале во пештери длабоко под морето!

Пет италијански државјани загинаа во несреќа за време на нуркање на Малдивите, соопшти денеска италијанското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил на атолот Вааву, каде група туристи се обидувале да истражат низа подводни пештери на длабочина од околу 50 метри, пренесува Ројтерс.

Причината за трагедијата сè уште не е утврдена Идентитетот на жртвите, како ни точната причина за несреќата на Малдивите, сè уште не се објавени.

Министерството за надворешни работи соопшти дека истрагата е во тек и дека италијанската амбасада во Шри Ланка работи на контактирање со семејствата на жртвите и пружање конзуларна помош.