ПРВ.мк
Свет

ТОРНАДО ГО ПОГОДИ РИМ: Драматични сцени од омилениот туристички град!

ТОРНАДО ГО ПОГОДИ РИМ: Драматични сцени од омилениот туристички град!

Италијанскиот главен град денес беше погоден од силно невреме со обилни врнежи, а се појави и торнадо кое уриваше дрвја и пазарни тезги во Рим.

Обилната дожд доведе до излевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде сообраќајот е во прекин бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, пренесува АНСА.

Покрај Рим кој беше погоден од торнадо, многу други делови на Италија денес беа зафатени од силни дождови кои предизвикаа поплави, особено во регионите Фурланија, Тоскана и Лацио.

Најнови вести