Австрија се соочува со историски топлотен бран, откако беа срушени рекордите и за највисока ноќна, и за највисока дневна температура откако се водат мерења.
Во градот Хорнштајн, температурата во текот на ноќта не се спушти под 28,5 степени, што претставува нов национален рекорд за најтопла ноќ.
Рекорд падна и во Виена, каде што минималната ноќна температура во центарот на градот изнесувала 27,4 степени, додека преку ден термометрите достигнале 41 степен Целзиусов.
Покрај главниот град, уште девет мерни станици измериле температури од 40 степени, а нови августовски рекорди биле регистрирани на 101 мерна станица низ целата земја.








