Брзото собирање на американските сили на Блискиот исток достигна точка на која претседателот Доналд Трамп може да нареди почеток на воена акција против Иран веќе овој викенд, објавија официјални лица од администрацијата и Пентагон. Иако преговорите се во тек, Белата куќа е пред избор – дипломатија или војна.
Трамп не дал никакви сигнали дека донел конечна одлука, но напорите да се мобилизира воена сила способна да го нападне иранскиот нуклеарен програм, балистичките ракети и места за лансирање продолжија оваа недела, иако се одржаа индиректни разговори меѓу двете земји. Иран има потреба од две недели за да понуди детални дипломатски решенија, пишува „Њујорк тајмс“.
Нападот би бил седма американска интервенција во друга земја во последната година и втора во Иран. За разлика од претходните напади, целите сега се помалку јасни, а конфликтот најверојатно ќе трае недели, слично на „тотална војна“, а не на таргетирање поединечни цели, велат извори за „Аксис“.
Американската „армада“ вклучува:
- Носачи на авиони „Abraham Lincoln“ и „Gerald R. Ford“
- Воени бродови со ракети „Tomahawk“
- Бродови со ПВО системи
- Невидливи борбени авиони „F-35“
- Јуришни авиони „F/A-18“
Носачот „Gerald R. Ford“ и придружните бродови се движеле кон Гибралтарскиот теснец, а друг разурнувач е испратен во северниот дел на Арапското Море, со што бројот на разурнувачи достигна 13.
Воздухопловната база „Muwaffaq Salti“ во источен Јордан стана централно јазло за американските сили. Бројот на борбени авиони достигна 30, а во база се присутни и авиони за електронско војување и дронови „MQ-9 Reaper“.
Дополнителни авиони за извидување, полнење гориво и транспорт се распоредени за поддршка на операциите. Пентагон испрати и ПВО системи „Patriot“ и „THAAD“ за заштита од потенцијален ирански одговор. Во регионот се околу 30.000 до 40.000 американски војници.
Бомбардери со долг дострел и авиони за специјални операции се подготвени за можни удари.
6 знаци дека нападот е неизбежен:
- Трамп демонстрира сила на Блискиот исток Американските сили се масовно распоредени, со најголемиот носач на авиони „Gerald R. Ford“ и придружни бродови, авиони и морнарица, надминувајќи рутинско одвраќање.
- Планирана „масивна, повеќенеделна кампања“ Не се работи само за прецизни удари, туку за долготраен конфликт кој ќе ја подготви јавноста за сериозен воен судир.
- Преговорите застанаа на „црвени линии“ И покрај индиректните разговори, двете страни се далеку од договор. Трамп постави „црвени линии“, а Иран инсистира на правото за обогаќување ураниум и не сака да се откаже од залихите.
- Иран го зајакнува клучниот инфраструктурен капацитет Сателитските снимки покажуваат зајакнување на нуклеарни објекти и ракетни бази, што укажува на подготовка за можен конфликт.
- Внатрешни немири во Иран Санкции, економски притисоци, инфлација и протести го засилија притисокот врз властите, што влијае и на надворешната политика.
- Затворање на Ормускиот теснец Иран привремено го затвори клучниот морски премин за воени вежби, што е јасно предупредување: конфликтот би имал глобални економски последици.
Ситуацијата на Блискиот исток е критична, а светот со нетрпение го следи развојот на настаните, со можност за сериозен регионален конфликт со глобални импликации.

















