Американскиот претседател Доналд Трамп најави историски чекор што повторно ја разгоре глобалната мистерија околу НЛО и можниот вонземски живот. Преку платформата Truth Social, тој соопшти дека ќе им наложи на федералните агенции да ги пронајдат и јавно да ги објават сите тајни досиеја поврзани со неидентификувани летечки феномени.
Трамп посочи дека наредбата ќе ја добие и секретарот за одбрана Пит Хегсет, како дел од поширок процес за поголема транспарентност на владините архиви. Според него, американската јавност со децении заслужува вистина за она што државата го криела.
Во исто време, тој не го поштеди својот претходник Барак Обама, обвинувајќи го дека несериозно зборувал за класифицирани информации поврзани со вонземјани.
Со оваа најава, Трамп ветува дека една од најголемите светски мистерии конечно ќе добие официјален одговор.

















