ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА: Почина 23-годишен велешанец откако врз него падна метален профил!

ТРАГЕДИЈА: Почина 23-годишен велешанец откако врз него падна метален профил!
Kristal

На 19 февруари 2026 година околу 15:00 часот, во индустриската зона на општина Петровец, при извршување на работни задачи на објект во изградба на една фабрика, врз Е.А. паднал метален профил. Од здобиените повреди, тој починал на самото место на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За инцидентот е известен трудов инспектор, а увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.

Случајот е предмет на истрага за да се утврдат сите околности околу трагичниот настан, кој ја потресе јавноста и го отвори прашањето за безбедноста при работа во индустриските објекти.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo