Руските сили извршиле серија напади со дронови и ракети врз југоисточниот украински град Днипро, при што загинале најмалку 10 лица, а десетици се повредени.
Според регионалниот гувернер Олександр Ханжа, во градот се убиени осум лица, додека 49 се повредени. Првиот ноќен напад погодил станбена зграда, при што дел од објектот се урнал, а подоцна следувале нови удари додека спасувачите извлекувале преживеани од урнатините.
„Повеќе од 20 часа Днипро беше изложен на брановити напади. Гаѓани се исклучиво станбени делови“, изјави Ханжа.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 19 дронови и 47 ракети, од кои дел биле соборени.
Во регионот Чернигов загинале уште две лица, а седум се повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека ваквите напади покажуваат итна потреба од зајакнување на противвоздушната одбрана.
Во исто време, руските власти тврдат дека украински дронови го нападнале Севастопол на Крим, при што загинало едно лице, а четири се повредени. Пријавени се и значителни материјални штети на станбени згради, автомобили и инфраструктура.
Исто така, во Русија е пријавен напад врз фабрика за ѓубрива во Череповец, каде што се повредени пет лица.








