Трговски брод во индиска сопственост потона во Црвеното Море откако беше погоден од ракетен напад во близина на брегот на Јемен.
Според информациите од поморските власти, проектилот го погодил пловилото додека пловело низ еден од најважните светски трговски коридори. По силната експлозија избувнал голем пожар, а екипажот не успеал да го локализира со сопствените противпожарни системи.
Во акцијата веднаш се вклучиле воени бродови од меѓународната поморска коалиција, кои успешно ги евакуирале сите членови на екипажот, при што нема информации за загинати или повредени.
Иако бил направен обид оштетениот брод да биде извлечен до најблиското безбедно пристаниште, сериозните оштетувања под водната линија довеле до навлегување големи количини вода, по што пловилото за неколку часа целосно потонало.
Инцидентот е уште еден во низата напади врз трговски бродови во Црвеното Море и дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на меѓународната пловидба и глобалните синџири на снабдување.









