ПРВ.мк
Свет

ТЕНЗИИТЕ ЕКСПЛОДИРАА: „You’re fucking crazy!“ - Трамп гневен!

ТЕНЗИИТЕ ЕКСПЛОДИРАА: „You’re fucking crazy!“ - Трамп гневен!

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно остро реагирал во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради ескалацијата на конфликтот во Либан, која според извори може да ги загрози и чувствителните разговори со Иран.

Според информациите што ги објавува „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот, Трамп упатил сериозни критики кон Нетанјаху, изразувајќи незадоволство од последните воени потези на Израел.

Еден од изворите тврди дека американскиот претседател му порачал на израелскиот лидер дека неговите постапки се неодговорни и дека меѓународниот притисок врз Израел расте. Друг извор наведува дека разговорот бил исклучително напнат и дека Трамп во повеќе моменти реагирал со видлива лутина.

Според информациите, ова бил еден од најтешките разговори меѓу двајцата лидери откако Трамп повторно се вратил во Белата куќа. Иако американскиот претседател признава дека нападите од Хезболах претставуваат безбедносен проблем за Израел, тој смета дека последните израелски операции во Либан биле непропорционално интензивирани.

Извори за медиумот тврдат и дека Трамп бил незадоволен од бројот на цивилни жртви и од уништувањето на инфраструктурата во Либан, особено во случаи кога биле изведувани напади врз цели поврзани со Хезболах.

По телефонскиот разговор, според израелски извори цитирани од публикацијата, Тел Авив засега не планирал дополнителни напади врз цели на Хезболах во Бејрут.

Трамп подоцна преку Truth Social соопштил дека лично побарал да не се спроведува голема операција во Бејрут и навел дека Нетанјаху ги ограничил активностите на теренот.

Во меѓувреме, официјалното соопштение од кабинетот на Нетанјаху испратило поинаква порака – дека Израел ќе продолжи со нови операции доколку Хезболах не престане со нападите врз израелски градови.

Ситуацијата дополнително се комплицира бидејќи примирјето во Либан е дел од условите што Иран ги поставува во разговорите со САД. Во изминатите денови, израелските сили ја презедоа контролата врз стратешката тврдина Бофорт во јужен Либан, за која тврдат дека била користена како позиција на Хезболах.

Дополнителна неизвесност донесе и информацијата дека Иран привремено ги прекинал разговорите со САД поради израелските напади, иако Трамп подоцна порача дека контактите меѓу двете страни продолжуваат.

Најнови вести