Двајца рудари загинаа во понеделник наутро во експлозија на метан во рудник за јаглен во јужниот полски град Павловице, соопшти менаџерот на рудникот.
Експлозијата се случила на длабочина од околу 900 метри, а во моментот десет рудари биле во близина. Осуммина успеале да избегаат на безбедно, но контактот со 40-годишникот и 41-годишникот бил изгубен. По седумчасовна потрага, двата тела биле пронајдени мртви, соопшти ДПА.
Со оваа несреќа, бројот на загинати рудари во Полска оваа година се искачи на 15, според податоците од рударските власти.
Полскиот премиер Доналд Туск изрази сочувство до семејствата на жртвите, додека претседателот Карол Навроцки ја примил веста „со голема тага“, потенцирајќи ја сериозноста на несреќата и потребата за дополнителни безбедносни мерки во рудниците.















