ПРВ.мк
Свет

Такер Карлсон му постави директно прашање на претседателот на Иран: „Дали сакате војна со Америка?“ – ова беше одговорот!

Такер Карлсон му постави директно прашање на претседателот на Иран: „Дали сакате војна со Америка?“ – ова беше одговорот!
Escape

Американскиот новинар Такер Карлсон објави ексклузивно интервју со претседателот на Иран, спроведено од далечина и со помош на преведувач, во кое постави едни од најпровокативните прашања досега.

Карлсон го запраша иранскиот лидер: „Која е вашата цел? Дали сакате војна со Соединетите Американски Држави? Дали сакате војна со Израел?“ – но додаде дека не очекувал целосно искрени одговори.

„Постојат прашања што не ги поставив, затоа што знаев дека нема да добијам ништо освен дипломатски флоскули. На пример: ‘Дали вашата нуклеарна програма беше уништена при американскиот напад пред една и пол недела?’ Тоа беше бесмислено да се прашува во тој контекст,“ објасни Карлсон на неговиот профил на мрежата X.

Тој потенцираше дека ова е дел од неговата поширока иницијатива да разговара со светските лидери во време на глобални тензии. Претходно веќе направи интервјуа со Владимир Путин во Москва и сенаторот Тед Круз од Тексас, а во неколку наврати побарал средба и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но досега не добил одговор.

Интервјуто со претседателот на Иран се случува во критичен геополитички момент, кога тензиите на Блискиот Исток и потенцијалната закана од поширок конфликт предизвикуваат загриженост во меѓународната јавност.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo