ПРВ.мк
Свет

ХОРОР НА ЛЕТОТ ВО ПОЗНАТА АВИОКОМПАНИЈА: Таа ја скршила кичмата, сопругот починал - еве што се случувало!

ХОРОР НА ЛЕТОТ ВО ПОЗНАТА АВИОКОМПАНИЈА: Таа ја скршила кичмата, сопругот починал - еве што се случувало!

74-годишната Линда Кичен од Англија поднела тужба против Singapore Airlines, откако нејзиниот сопруг Џеф (73) починал по тешки повреди здобиени за време на лет во мај 2024 година.

Двојката патувала од Лондон кон Сингапур кога авионот бил погоден од исклучително силни турбуленции над Мјанмар. Авионот нагло изгубил височина, а патниците биле исфрлани од седиштата.

Линда раскажала дека имала чувство дека авионот се урива. Во моментот на силното пропаѓање, Џеф паднал врз неа, при што таа се здобила со сериозна повреда на кичмата. Лекар кој бил меѓу патниците веднаш започнал со реанимација на Џеф.

Според досегашните информации, се верува дека тој доживеал срцев удар, по што починал.

Линда била пренесена во болница во Бангкок, додека нејзиниот сопруг останал во авионот. Дури два дена подоцна дознала дека Џеф починал.

Таа поминала десет дена во болница, а потоа со медицински лет била префрлена во Бристол, каде што продолжила со лекување. По враќањето дома ѝ била потребна значителна помош во секојдневниот живот.

Сега пред Високиот суд бара отштета за трошоците за стручната помош и закрепнувањето.

Нејзината адвокатка наведува дека семејството и по повеќе од две години има прашања за тоа што точно се случило и дали можело да се преземат дополнителни мерки за да се спречат повредите.