Пет лица го загубија животот синоќа откако хеликоптер се урна на највисоката африканска планина, Килиманџаро, во Танзанија. Несреќата се случила на една од најпопуларните планинарски патеки, додека хеликоптерот бил дел од спасувачка мисија.
Меѓу жртвите се двајца странски туристи, локален лекар, туристички водич и пилот, што ја прави несреќата уште поразорна за локалната заедница и за туристите кои ја посетуваат планината. Падот се случил помеѓу кампот Барафу и врвот Кимбо, на надморска височина од над 4.000 метри, што го отежнало пристапот на спасувачките екипи.
Танзиската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека веднаш е започната истрага според меѓународните безбедносни стандарди. Целта е да се утврдат точните околности што довеле до несреќата и веројатната причина за падот на хеликоптерот, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.















