Далила Хакаловиќ утрово беше приведена во акција на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон. Осомничените Хакаловиќ и Мухамед Ајановиќ, декан на Стоматолошкиот факултет, се наоѓаат под кривична истрага и ќе бидат предадени на вршителот на должноста обвинител во законскиот рок од 24 часа.
По наредба на обвинителот, истражителите ги лишија од слобода Хакаловиќ, како главен просветен инспектор на Кантоналната администрација за инспекциски работи, и Ајановиќ.
Мухамед Ајановиќ е обвинет за злоупотреба на положба или овластување и примање награда или друга корист за трговија со влијание. Далила Хакаловиќ, пак, се товари за злоупотреба на положба или овластување, во соучество со Ајановиќ.
















