ПРВ.мк
Свет

Сирија на раб на нова војна? Армијата собира сили за жесток удар врз Курдите

Сирија на раб на нова војна? Армијата собира сили за жесток удар врз Курдите
Kristal

Сириската армија интензивно се подготвува за можна воена офанзива против курдските сили на северот и истокот од земјата, откако преговорите меѓу Дамаск и курдските власти западнаа во сериозен застој. Според извори запознаени со случувањата, целта на најавените напади е да се изврши притисок врз Курдите да прифатат отстапки во политичките разговори.

По неодамнешните петдневни судири во Алепо меѓу сириската армија и Сириските демократски сили (СДФ), во кои загинаа најмалку 23 лица, расте стравот дека конфликтот може да се прошири. Наводно, до пет дивизии на сириската армија се подготвени да учествуваат во операција насочена кон курдските подрачја во провинциите Алепо и Деир ел-Зор.

Сириските сили веќе се распоредени во регионот Деир Хафера и побарале курдските единици да се повлечат источно од реката Еуфрат, со образложение дека треба да се отвори хуманитарен коридор за цивилното население. Од СДФ остро реагираат, осудувајќи го зголемувањето на военото присуство и порачуваат дека не сакаат нова ескалација.

По борбите во Алепо, курдските борци го напуштија градот на 11 јануари, со што заврши нивната контрола врз делови од Алепо кои ги држеа од 2011 година. Иако беше постигнат договор за безбедна евакуација со меѓународно посредништво, договорот за интеграција на курдските структури во сириската држава сè уште останува мртво слово на хартија.

САД и Турција предупредуваат дека нов судир би можел да предизвика сериозна дестабилизација и да отвори простор за нови конфликти во регионот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo