ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗАКАНА НА ПАТОТ: Полицијата фати двајца возачи кои возеле двојно побрзо од дозволеното - ова се деталите!

ЗАКАНА НА ПАТОТ: Полицијата фати двајца возачи кои возеле двојно побрзо од дозволеното - ова се деталите!
Kristal

Двајца возачи од северот и југот на Македонија се лишени од слобода поради управување со возила со двојно поголема брзина од дозволената.

На 17 јануари, во Струшко, Н.Х. (44) од село Мислодежда бил сопрен од полицијата на магистралниот пат Охрид–Подмоље, во близина на село Мислешево. Возилото „пежо“ што тој го управувал се движело со 101 км/ч во населено место, каде што ограничувањето е 50 км/ч.

Ден претходно, на 16 јануари, П.С. (25) од Крива Паланка бил уапсен на магистралниот пат Крива Паланка–Деве Баир. Радарската контрола покажала дека неговото „бмв“ се движело со 103 км/ч во населено место со дозволена брзина од 50 км/ч.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape