На 16 јануари 2026 година, 34-годишниот С.А. од Гостивар пријавил измама во Полициската станица Гостивар.
Според пријавата, тој добил СМС порака со известување за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“, која содржела линк кон лажна веб-страна. По внесување на податоците од својата дебитна картичка, од сметката на С.А. биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон странски примач.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не ги внесуваат податоците од картичките на сомнителни веб-страни.

















