На 16 јануари 2026 година, околу 13:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.Л. (39) од Тетово.
Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување казна затвор од три години за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ согласно член 396 од Кривичниот законик.
Б.Л. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

















