На 16 јануари 2026 година, околу 18:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Д. (25) од Велес, по наредба на Основниот суд Велес за издржување казна затвор во траење од шест месеци.
Осомничениот веднаш беше спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде ќе ја издржува казната.

















