На 16 јануари 2026 година, околу 14:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршија претрес во викендица во село Војник, Општина Старо Нагоричане, во сопственост на К.Б. (26) од Куманово.
При претресот биле пронајдени пиштол „Застава“ калибар 6.35, електрошок, дигитална вага и други предмети.
К.Б. е лишен од слобода, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















