ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Пожар проголта куќа, во внатрешноста пронајдена 70-годишна жена

Трагедија: Пожар проголта куќа, во внатрешноста пронајдена 70-годишна жена
Kristal

Утрината во Тетово беше обележана со трагичен настан откако пожар избувнал во семејна куќа, а по гаснењето на огнот била пронајдена почината 70-годишна жена.

Од СВР Тетово информираат дека околу 08:56 часот Територијалната противпожарна единица добила пријава за пожар во куќа на улицата „Вон Вардарска“. Огнот избувнал во домот кој е во сопственост на 70-годишниот Ш.Д. од Тетово.

Пожарникарите брзо интервенирале и успеале да го изгаснат пожарот, но по влегувањето во куќата била откриена безживотна жена. Станува збор за Ф.Д. (70), сопруга на сопственикот на објектот.

На местото пристигнала и медицинска екипа која ја потврдила смртта. Потоа увид извршиле полициски службеници од СВР Тетово за да се утврдат околностите под кои избувнал пожарот.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта и дали таа е директно поврзана со пожарот.

Истрагата продолжува, а надлежните служби работат на расветлување на сите детали околу трагедијата што го вознемири тетовското население.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo