Во Пенсилванија, 11-годишно момче е обвинето за убиство на својот 42-годишен татко, откако, како што наведуваат властите, наводно пукало во него поради тоа што му бил одземен Nintendo Switch, јавува „Гардијан“.
Инцидентот се случил на 13 јануари во семејната куќа во Данканон Боро. Полицијата пристигнала на местото на настанот рано наутро и го затекнала таткото мртов во спалната соба. Истрагата покажала дека момчето го нашло клучот од сефот со оружје додека го барало одземениот уред и од таму земало пиштол.
По приведувањето, на малолетникот му е одбиена кауција, а следното судско рочиште е закажано за 22 јануари.

















