ПРВ.мк
Свет

СИЛНО ТРЕСЕЊЕ: Земјотрес ги исплаши граѓаните, паднаа карпи на патишта!

СИЛНО ТРЕСЕЊЕ: Земјотрес ги исплаши граѓаните, паднаа карпи на патишта!

Австрија синоќа ја погоди земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите во неколку области. Иако не е пријавена поголема материјална штета, потресот предизвикал одрони на карпи и помали проблеми на одредени локации.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Семеринг, а според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил на мала длабочина од околу четири километри, поради што бил почувствуван посилно во поширокиот регион.

Австриската геолошка служба Geosphere Austria добила голем број пријави од граѓани кои почувствувале тресење во источниот дел на Долна Австрија и во Штаерска. Земјотресот бил почувствуван и во делови од соседна Словенија, каде што за него известила и словенечката Агенција за животна средина (Arso).

Според досегашните информации, нема податоци за сериозни последици или поголема материјална штета. Сепак, по потресот имало интервенции на противпожарните служби поради одрони на карпи.

Најголем проблем бил забележан на патниот правец меѓу Шотвен и Брајтенштајн, каде што карпи паднале на коловозот, по што пожарникарите морале да интервенираат за расчистување на патот и обезбедување на местото.

Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата, а засега нема информации за дополнителни потреси или поголеми последици од земјотресот.