Мјанмар денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на оддалеченост од 44 километри од градот Јангон.
Засега нема извештаи за повредени или за материјална штета.
Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот се почувствувал силно, траел меѓу 20 и 30 секунди и луѓето се исплашиле.








