ПРВ.мк
Свет

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Јачина од 6,2 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот!

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Јачина од 6,2 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот!

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди островот Халмахера во Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG).

Според официјалните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран на длабочина од околу 120 километри под површината на земјата, додека најблиската референтна точка е околу 58 километри западно од градот Тобело, во провинцијата Северен Малуку.

Се работи за земјотрес со средна до силна јачина, кој бил почувствуван во пошироката област, но надлежните служби веднаш излегоа со проценка дека нема ризик од создавање цунами.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, една од најсеизмички активните зони во светот, каде земјотресите и вулканската активност се честа појава поради движењето на тектонските плочи.

Најнови вести