ПРВ.мк
Свет

Што се случува со германската економија? Индустријата забрзано ги губи работните места

Што се случува со германската економија? Индустријата забрзано ги губи работните места

Германската индустрија продолжува да се соочува со сериозни предизвици, а според најновите проценки, секој месец се укинуваат околу 15.000 работни места во овој сектор.

Претседателката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер, оцени дека состојбата е загрижувачка и дека врз домашната економија силно влијаат глобалните геополитички случувања. Како главни причини ги посочи американските царински политики, но и сè поголемата индустриска моќ на Кина, која создава дополнителен притисок врз германските компании.

И покрај сериозната ситуација, Генер смета дека постои простор за закрепнување доколку Германија преземе навремени мерки и ги подобри условите за развој на индустријата.

Таа нагласи дека клучот за поголема конкурентност лежи во инвестициите во современи технологии, особено во вештачката интелигенција, која според неа ќе има важна улога во идниот развој на производството.

Федерацијата на германски индустрии обединува околу 100.000 компании, во кои работат повеќе од осум милиони луѓе, што дополнително ја нагласува важноста на состојбата во овој сектор за германската економија.