Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, истакна дека клучно за спречување на потенцијален напад од рускиот претседател Владимир Путин врз која било земја-членка на Алијансата е максимално зајакнување на Украина.
– За да се осигури дека Путин нема да се осмели да преземе ризик, неопходно е да ја зајакнеме Украина и истовремено земјите-членки на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана – изјави Руте.
Тој нагласи дека со овие два чекора, Алијансата ќе стане доволно силна за одбрана, а Русија нема да се осмели на агресивни потези.
Медиумите потсетуваат дека Руте претходно предупреди дека НАТО мора да биде подготвено за конфликт од размери слични на оние што ги доживеале нашите дедовци и прадедовци. Сепак, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја изрази својата скепса во врска со таквото сценарио, не гледајќи реална можност за тотална војна меѓу Русија и НАТО.















