Вечерва избувна пожар во стан во Калитеа, во централниот дел на Атина, при што животот го загубија двајца мажи. Според првичните информации, пожарот започнал по експлозија во зградата.
На интервенцијата се приклучија петнаесет пожарникари со пет противпожарни возила и камион за скали, кои успеале да го изгаснат пожарот. Поради инцидентот, сообраќајот на соседните улици бил привремено прекинат.
















