ПРВ.мк
Македонија

ПРАЗНИЧНА МАГИЈА НА УЛИЦИТЕ: Автобус со диџеј сетови вози низ Битола - еве колку чини билетот!

ПРАЗНИЧНА МАГИЈА НА УЛИЦИТЕ: Автобус со диџеј сетови вози низ Битола - еве колку чини билетот!
Kristal

Од денес, 26 декември, па сè до 30 декември, улиците на Битола ќе ги оживее Празничниот автобус, уникатна подвижна сцена која носи електронска музика и празнична енергија директно до граѓаните.

Автобусот ќе сообраќа секоја вечер од 21:00 до 23:00 часот на редовната линија бр. 1, со почетна станица кај Спортската сала. Патниците ќе можат бесплатно да уживаат во светлосни ефекти и диџеј сетови во живо:

  • 26.12 – T-Zobe
  • 27.12 – Jakov
  • 28.12 – Acika
  • 29.12 – Berryqyat
  • 30.12 – Boca

Ова е петтото издание на „Зимска приказна“, најголемиот зимски фестивал во Македонија, кој годинава нуди над 200 часа програма на 8 локации, со учество на повеќе од 67 бендови, 20 изведувачи и бројни училишта и градинки.

„Ова не е настан што расте само по бројки, туку по доверба и заедништво. Создадовме атмосфера која не се купува, туку се гради“, порачуваат од Општина Битола. Празничната магија под Пелистер ќе продолжи со полна пареа сè до 5 јануари.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape