ПРВ.мк
Свет

Се забрани лабораториски произведената храна – „Ќе го загубиме нашиот идентитет!“

Се забрани лабораториски произведената храна – „Ќе го загубиме нашиот идентитет!“
Kristal

Унгарскиот Парламент со големо мнозинство изгласа забрана за култивирано месо, нагласувајќи ја заштитата на традиционалните рурални начини на живот и човековото здравје. Забраната важи за производство, дистрибуција и маркетинг, а исклучоци се дозволени само за медицински и ветеринарни цели.

Министерот за земјоделство Иштван Наѓ рече дека лабораториското месо „ќе ја наруши европската култура и нашиот идентитет“. Ова е втора земја во ЕУ по Италија што воведува слична забрана, иако Европската комисија ја оцени како „неоправдана“ и „непотребна“.

Дебатата ја засили и премиерот Виктор Орбан, кој критички се осврна на ЕУ и на новите технологиите во исхраната. Европските земји како Холандија, Чешка, Литванија и Шведска го критикуваа потегот, укажувајќи дека Унгарија не доставила докази за здравствени ризици.

Сега, култивираното месо останува далеку од пазарот, но Унгарија останува цврсто на својата позиција за заштита на традиционалните вредности и култура.

Escape