На 18.11.2025 во 16:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 67-годишник од тетовско село, по претходна пријава од 58-годишен маж дека извршил полово вознемирување на неговата 17-годишна ќерка.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а известени се Центарот за социјални работи Тетово. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
















