СВР Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишник од село Бојане, скопско, кој е осомничен за измама. Според истрагата, тој лажно се претставувал како судски службеник и ги измамил своите жртви да му исплатат вкупно 7.750 евра.
Во текот на мај 2025 година, преку лажно прикажување на факти, тој убедил едно лице дека може да му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор. И покрај тоа што биле изготвени жалби преку адвокат, договорот не бил исполнет, а парите останале кај измамникот.
Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не се доверуваат на лица кои нудат „брза помош“ преку лажни функции.
















