ПРВ.мк
Македонија

Родителите на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ низ солзи и аплауз го проследија воведното обраќање на обвинителот

Родителите на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ низ солзи и аплауз го проследија воведното обраќање на обвинителот
Kristal

Родителите на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ низ солзи го проследија воведното обраќање на обвинителот, кој детално ја објасни вината и одговорноста на сите обвинети.

Семејствата носеа блузи со ликови на нивните деца и со аплауз го поздравија говорот на обвинителот Борче Јанев. Тој нагласи дека катастрофата не е последица само на пиротехничкиот ефект, туку на серија институционални пропусти и долготрајна неодговорност.

„Катастрофата во Кочани не настана само од дејствија на една човечка рака. Од навидум обичен сценски ефект, искрите од пиротехниката предизвикаа фатален пожар. Снимките кои нѐ потресоа се само завршниот чин на системско и невидливо зло. Изгоре не само објектот, туку и вербата дека институциите ќе го заштитат животот на младите. Изгоре иднината на невини луѓе кои сакале само радост и забава“ – рече Јанев.

Овој момент ги потресе сите присутни и ја истакна сериозноста на институционалната одговорност во трагедијата која одзеде животи и остави трајни последици.

Escape