ПРВ.мк
Македонија

ВОНРЕДНО: Се излеа река во Македонија – еве каде е опасноста!

ВОНРЕДНО: Се излеа река во Македонија – еве каде е опасноста!
Kristal

РЦУК – Куманово известува дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац, реката Пчиња се излеала од своето корито за околу 20 сантиметри.

Според извештајот, во моментот излевањето не зафаќа куќи или викендици, но кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката.

За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.

Escape