ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се преврте автомобил, има повредени - еве ги деталите!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се преврте автомобил, има повредени - еве ги деталите!
Kristal

На 18 ноември 2025 година, околу 12:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на патот Кичево–Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен маж од Кичево, се превртело на коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека полесно повредени се 14-годишна сопатничка од с. Стрелци, кичевско, и 24-годишна жена од Романија. Повредите им биле констатирани во Општата болница Гостивар.

На местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Escape