ПРВ.мк
Свет

Метеоролозите со долгорочна прогноза за зимата – еве какво време нè очекува во декември!

Метеоролозите со долгорочна прогноза за зимата – еве какво време нè очекува во декември!
Kristal

Според долгорочните прогнози за зимата 2025/2026, Европа можеби ќе доживее постуден и поснежен почеток на сезоната. Главната причина е раното ненадејно затоплување на стратосферата, едно од најрано регистрираните во последните 70 години, кое го наруши поларниот вртлог. Покрај тоа, слабата Ла Ниња во Пацификот дополнително влијае врз моделите на циркулација на воздухот во Европа.

Се очекува дека декември ќе биде студен со повеќе снежни врнежи од вообичаеното, особено во централна и источна Европа. Источниот и североисточниот проток на воздух ќе донесат ладни воздушни маси од Балтикот и западна Русија, а некои региони ќе имаат и шанса за бел Божиќ.

Јануари ќе донесе продолжување на студот, додека февруари најавува постепено затоплување и стабилизирање на времето. Според прогнозите, оваа зима ќе започне класично студено, со стабилен период среде сезоната и постепено потоплување кон крајот на зимата.

Escape