Кремљ реагираше на веста дека Украина го прифатила американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот. Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека не сакаат да донесуваат предвремени заклучоци и дека прво ќе чекаат официјални информации од САД.
За потсетување, САД и Украина на вчерашната средба во Џеда постигнаа договор за 30-дневен прекин на огнот, кој може да биде продолжен со заедничка согласност на Русија и Украина. Договорот вклучува продолжување на американската воена помош и размена на разузнавачки информации за Украина.
Целта на договорот е да се создаде простор за преговори со Русија, додека Украина се согласи да формира преговарачки тим и да работи на трајно решение на конфликтот. Путин претходно нагласи дека Русија потребен долгорочен безбедносен договор, а не привремено примирје.
Песков исто така додаде, дека не се исклучува можноста за разговор помеѓу Трамп и Путин во скоро време.