ПРВ.мк

Протекоа детали од тајното писмо на Трамп – што планира следно американскиот претседател?

Протекоа детали од тајното писмо на Трамп – што планира следно американскиот претседател?
VERO Banner

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека писмото од американскиот претседател Доналд Трамп до иранските власти „скоро ќе биде доставено до Техеран преку една арапска земја“.

Арагчи ова го изјави во телевизиско обраќање, по изјавата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, минатата недела дека Техеран нема да биде принуден на преговори, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека испратил писмо во кое го повикува Иран да започне преговори за нов нуклеарен договор. Трамп во 2018 година го напушти нуклеарниот договор од 2015 година и повторно воведе санкции кон Иран, што доведе до тоа Иран да почне да се оддалечува од своите нуклеарни обврски.

Иран ги негираше тврдењата дека сака да развива нуклеарно оружје, но Меѓународната агенција за атомска енергија предупреди дека Иран брзо го обогатува ураниумот до 60 отсто чистота, што е блиску до 90 отсто потребни за оружје.

Преговорите помеѓу Техеран и преостанатите членови на нуклеарниот договор од 2015 година – Франција, Велика Британија и Германија – напредуваат, додека иранскиот нуклеарен програм останува глобално значајно прашање.

Арагчи најави дека Иран наскоро ќе започне петти круг преговори со европските сили и потврди дека во петок во Пекинг ќе се одржи состанок со Русија и Кина.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран